Теодора Дукоска ќе ја започне својата прва интернационална авантура, откако кариерата ја продолжува во редовите на словачкиот шампион Јувента Михаловце. Македонската репрезентативка веќе му се приклучи на новиот тим и ги започна подготовките за претстојната сезона.
Ракометарката од Струга својата кариера ја започна во Стружанка, а потоа во два наврати ги бранеше боите на Чаир и Ѓорче Петров, каде што се наметна како една од најквалитетните домашни ракометарки.
Со Јувента Михаловце, Дукоска ќе има можност да настапува на три фронта – во словачкото првенство, регионалната МОЛ лига и ЕХФ Европскиот куп.




