Веслачкиот клуб „Црн Дрим“ од Струга оствари забележителен успех на престижната меѓународна регата „Војводина опен 2026“, која традиционално се одржува на Палиќкото Езеро во Србија. Во силна конкуренција на натпреварувачи од повеќе земји, струшките веслачи повторно го потврдија својот квалитет и потенцијал.
Најголемиот успех го постигна Ана Прентоска, која триумфираше во дисциплината скиф за кадетки, освојувајќи го златниот медал и првото место.
Леон Шутиновски и Александар Хиохи во дисциплината дубл за кадети го освоија 9. место во генералниот пласман, по 5. место во квалификациите. Цвете Димоски (скиф за јуниори) и Клементина Стојмиловска (скиф за сениорки) со одлични настапи обезбедија пласман во големите финалиња.
Честитки до сите натпреварувачи и до Веслачкиот клуб „Црн Дрим“ за одличното претставување на меѓународната сцена!




