Македонската младинска ракометна репрезентација го започна настапот на Европското првенство со пораз од Норвешка со 36:31. Норвежаните на полувремето имаа предност од 18:14, а во вториот дел ја задржаа контролата за конечна победа.
По завршувањето на натпреварот беа прогласени најдобрите поединци од двете селекции. Во македонскиот табор, признанието за МВП го доби Јулиан Матески, како најдобар играч на „црвено-жолтите“ на овој натпревар.




