Христијан Настески, познат како Пајак, го објави својот прв студиски албум насловен „2000 и некоја“, проект кој беше долго најавуван и со големо нетрпение очекуван, особено од неговата помлада публика.
Албумот е реализиран под капата на „Урбан рекордс“, со продукциска поддршка од Иван Јованов-Ивајо и Гордан Божиновски, кои имаат значајна улога во обликувањето на финалниот звук на проектот. Во неговото создавање учествуваат и повеќе автори и соработници, меѓу кои Лазар Цветковски, Луна, Таско, Тајзи и Елвир Мекиќ.
Посебен дел од проектот се дуетите, меѓу кои соработките со Тајзи, Тони Зен, Лара, како и нумерата „Делириум“ со Јован Јованов и Елвир Мекиќ, кои внесуваат различни музички енергии без да го нарушат препознатливиот стил на Пајак.Визуелниот идентитет на албумот, изработен со Верица Божиновска и Steady Flow,




