Столе Димитриевски ја доби довербата и ќе брани до крајот на сезоната како орв голман за Валенсија.
По повредата на Хулен Агирезабала, Македонецот ја искористи шансата на најдобар можен начин. Иако претходно не беше прв избор, тој остана трпелив и професионален. Со своите одлични одбрани придонесе тимот да освои важни бодови. Од 10 јануари настапи на 10 натпревари и забележа четири „чисти мрежи“. Димитриевски покажа дека целосно го заслужува местото меѓу стативите.
Весникот Super Deporte му посвети насловна страница со пофалби, нагласувајќи дека токму тој го заслужил стартното место во тимот на „лилјаците“.

📊 Импресивна статистика
Со ваква форма, Димитриевски не само што ја стабилизираше одбраната, туку стана и еден од најважните играчи во тимот во најтешкиот дел од сезоната.
- 🗓 10 натпревари во сите конкуренции (од 10 јануари наваму)
- ✅ 5 победи на Валенсија
- 🧼 4 „чисти мрежи“
- 🧤 Клучни одбрани во борбата за опстанок




