Младиот ракометар Давор Мечкароски е во одлична форма оваа сезона во дресот на кадетскиот состав на РК Вардар. Стружанецот со импресивни 57 голови на 10 натпревари се издвои како прв стрелец на тимот во тековната натпреварувачка година.
Со просек од 5,7 погодоци по натпревар, Мечкароски претставува вистинска закана за противничките одбрани и еден од клучните играчи во нападот на вардаровите кадети. Неговата ефикасност и континуитет во реализацијата го позиционираат меѓу најперспективните млади ракометари во својата генерација.




