Македонската ракометна репрезентација го започнува настапот на Европското првенство 2026 во Данска, Шведска и Норвешка. Под водство на селекторот Кирил Лазаров, националниот тим влегува во нов циклус, обележан со смена на генерации и градење на иднината на македонскиот ракомет. Македонија се најде во тешка група, каде што се уште Данска, Португалија и Романија, а пласман во следната фаза ќе обезбедат само двете најдобри селекции од групата.
Натпреварот помеѓу Македонија и Данска на ЕП во ракомет 2026 е закажан за 16.01.2026 со почеток во 20:30 часот (CET). Тоа е првиот дуел на Македонија во прелиминарната фаза од Европското првенство во ракомет, што се игра во Данска, Норвешка и Шведска.
“Нашиот фокус е на првиот меч против Данска, тие се фаворити, но ние ќе го дадеме максимумот и сакаме да стигнеме до добар резултат. Ќе се обидеме да го следиме нивниот ритам и се надеваме на позитивен резултат“, изјави Марко Митев еден од лидерите во нашата репрезентација.




