Македонската ракометна репрезентација го започнува настапот на Европското првенство 2026 во Данска, Шведска и Норвешка. Под водство на селекторот Кирил Лазаров, националниот тим влегува во нов циклус, обележан со смена на генерации и градење на иднината на македонскиот ракомет. Македонија се најде во тешка група, каде што се уште Данска, Португалија и Романија, а пласман во следната фаза ќе обезбедат само двете најдобри селекции од групата.
Натпреварот помеѓу Македонија и Данска на ЕП во ракомет 2026 е закажан за 16.01.2026 со почеток во 20:30 часот (CET). Тоа е првиот дуел на Македонија во прелиминарната фаза од Европското првенство во ракомет, што се игра во Данска, Норвешка и Шведска.
“Првиот натпревар е со Данска и знаеме со кого ќе се соочиме. Се подготвуваме и ние сме тука за да дадеме се од себе, да го дадеме нашиот максимум. Потоа нашите мисли ќе бидат свртени кон Португалија и Романија, тоа за нас ќе бидат битки за пласман во следната фаза. Данска ќе цели на првото место и златниот медал, а наше е да ја минеме групата, да бараме шанса во вториот и третиот меч. Мислам дека имаме квалитет, според мене овој тим знае како треба да одигра со тешки ривали и зошто да не изненадиме. Мора да се покажеме во најдобро светло, не смееме да се откажеме и мора да покажеме што знаеме против Данска за да ни биде полесен патот против Португалија и Романија“ изјави искусното десно крило Никола Костески




