Македонската ракометна репрезентација утре официјално го започнива настапот на Европското првенство, а сега вниманието е насочено кон првиот натпревар против селекцијата на Данска, кој ќе се одигра во петок во 20:30.
„Сметам дека успеавме да ги реализираме сите планирани сегменти од подготовките и соодветно да се подготвиме за натпреварите што нè очекуваат во групната фаза на Европското првенство. Функциониравме на високо ниво, иако распоредот беше напорен поради големиот број контролни натпревари. Сепак, одигравме квалитетно до самиот крај и максимално сме подготвени за предизвиците што следуваат“, изјави Ненад Костески.




