Македонската репрезентација денеска го игра третиот и решавачки натпревар за трофејот на „Жолтиот куп“ во Винтертур против домаќинот Швајцарија.
Поради подобрата гол разлика, на домаќините им одговара и реми за освојување на првото место, додека Македонија мора да слави победа за да го освои трофејот. Натпреварот се игра вечерва од 18:00 часот во „АКСА Арена“.




