Македонија ја забележа втората победа на „Жолтиот куп“ во Винтертур, откако ја совлада Украина со 31-26. И покрај тоа што на полувремето имаше негатива од четири гола, Македонија во вториот дел направи целосен пресврт, предводена од одличниот голман Галевски.
Доколку Швајцарија очекувано го победи Бахреин, утрешниот натпревар против домаќинот ќе одлучува за освојување на престижниот трофеј.




