Македонскиот кикбоксер Бени Османоски запиша голема меѓународна победа, совладувајќи го романскиот борец Богдан Слабу во К1 меч со едногласна одлука на судиите (3-0).
Возбудливиот кикбокс спектакл, организиран под покровителство на престижната промоција „Реунион“, се одржа во Цирих, во најголемата затворена сала во Швајцарија – Индор арената, која собра повеќе од 20.000 навивачи.
Османоски доминираше во текот на сите рунди, покажувајќи одлична физичка подготвеност, техничка зрелост и борбен карактер, со што уште еднаш го потврди




