Вардар и Милан Лазаревски ја продолжија соработката – пивотменот ќе остане дел од црвено-црниот тим и во следните две сезони.
Лазаревски, кој се врати во клубот во 2022 година, се етаблира како еден од клучните играчи на својата позиција. Со овој потег, Вардар ја потврдува стратегијата за градење стабилен тим на подолг рок, а навивачите и понатаму ќе уживаат во неговата борбеност и енергија на теренот.




