На женскиот ракометен мундијал се случи вистинско спортско чудо – селекцијата која важеше за еден од најголемите аутсајдери го урна големиот фаворит Шпанија со 25-27 и го испровоцира најголемото изненадување во досегашниот тек на шампионатот.
Шпанската „црвена фурија“ водеше со 14-11 на полувреме и сè изгледаше како рутинска победа, но Фарските Острови од соблекувалната излегоа како сосема друг тим. Со неверојатна борбеност, храбри напади и железна одбрана, успеаја целосно да го превземат ритамот на мечот и да направат пресврт кој малкумина ќе го заборават.




