вторник, ноември 17, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Кошарка

Македонија славеше убедливо против Азербејџан во претквалификациите за ЕУРО 2029

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
ноември 27, 2025
📁 Кошарка
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Нашите најдобри кошаркари прикажаа одлична игра и убедливо го совлада Азербејџан (87:49)ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРОБАСКЕТ 2029: Македонија моќно против Азербејџан

Во првиот натпревар од претквалификациите, селекцијата на Македонија дојде до првата победа. Бевме многу подобри од репрезентацијата на Азербејџан. Пред својата публика во СРЦ „Кале“, сигурно и убедливо делуваа избраниците на селекторот Марјан Илиевски, Доминираа во секој аспект на кошаркарската игра, на крајот наградата дојде во „форма“ на убедлив триумф, како одлична увертира за она што следува понатаму во натпреварите од „А“ претквалификациската група за пласман на Евробаскетот во 2029 година.

МАКЕДОНИЈА – АЗЕРБЕЈЏАН 87:49

Одлично прво полувреме, особено во одбраната, одиграа нашите најдобри кошаркари на премиерата од претквалификациите за Евробаскетот во 2029 година.

Во првите 20.минути му дозволивме на ривалот да реализира само 21.поен, од друга страна, Македонија имаше скоро двојно повеќе – 40.

Тргнаа добро „црвено-жолтите“ во првиот период уште подобро „отвори“ Јакимовски. Очигледно „гладен“ за играње во националниот тим, нанижа десет поени за исто толку минути, и заедно со капитенот Војдан Стојановски и ја иницираа серијата со која до крајот на прваат четвртина се одвоивме на (22:13).

Но тука не застанавме, з половина од втората четвртина направивме нова серија, сега од (11-2), доволно да се одвоиме на највисоките (33:15). Повеќе од пет минути не им дадовме на гостите да реализираат од игра, на другата страна, уште една Јакимовски и Стојановски демонстрираа одлични напаѓачки способности, овојпат за креирање на уште повисока позитива (40:21), која ја имавме на полувремето.

Јакимовски веќе имаше 13. поени, а Стојановски уште 10, но уште подобри изгледаа оние 13. скока кои ги имаа во статистиката, во тоа прво полувреме.

Во второто полувреме ја контролиравме и играта и резултатот. Ја имавме таа стандардна предност од „дваесет и кусур“ поени во најголем дел од третата четвртина.

А по атракцијата на Јакимовски, имавме уште поголемо водство, по неговиот 20.поен, дојдовме до (63:36). за „затворање“ на тој период од мечот во СРЦ „Кале“, во кој Зеќири стана третиот наш играч со двоцифрен број на поени (вкупно 12).

Во последниот селекторот Илиевски „го разигра“ комплетниот тим, кој не само што ја задржа, туку и ја зголеми и онака високата позитива, за првиот позитивен резултат во претквалификациската трка за место на Евробаскетот 2029.

Статистиката вели дека Андреј Јакимовски има дабл-дабл ефект од 25.поени и 11скока. Двоен учинок од 16.поени и 11.скока реализираше и нашиот капитен, Војдан Стојановски, Зеќири дојде до 17.поени (и шест скока).

На своето деби за репрезентацијата на Македонија, Омари Мур дојде до скор од шест поени, исто толку скокови, но и девет успешни додавања до соиграчите.

Во наредното коло од групата „А“, на 30.ноември, нашата најдобра селекција ќе има гостување во Даблин, каде следува дуелот против репрезентацијата на Ирска.

ShareTweet
Претходна вест

Џудо клуб “ДРИМ” од Струга освои ПЕТ медали во Сараево

Следна вест

ЧУДО НА МУНДИЈАЛОТ! Фарските Острови со победа која ќе се прераскажува!

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

ЈУНИОРКИТЕ НА СТРУГА 2009 ПОРАЗЕНИ ВО КАВАДАРЦИ
Кошарка

ЈУНИОРКИТЕ НА СТРУГА 2009 ПОРАЗЕНИ ВО КАВАДАРЦИ

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
09/Ное/2026
Кадетките на Струга 2009 славеа во Езерското дерби
Кошарка

Кадетките на Струга 2009 славеа во Езерското дерби

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
20/Окт/2026
ДВОЈНА ПОБЕДА ЗА СТРУГА 2009! КАДЕТКИТЕ И ПИОНЕРКИТЕ УБЕДЛИВИ ПРОТИВ КИЧЕВО!
Кошарка

ДВОЈНА ПОБЕДА ЗА СТРУГА 2009! КАДЕТКИТЕ И ПИОНЕРКИТЕ УБЕДЛИВИ ПРОТИВ КИЧЕВО!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
12/Окт/2026
ПЕХАРИТЕ ЗА ДОМАЌИНОТ! Струга 2009 славеше на домашниот турнир
Кошарка

ПЕХАРИТЕ ЗА ДОМАЌИНОТ! Струга 2009 славеше на домашниот турнир

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
14/Сеп/2026
Следна вест
ЧУДО НА МУНДИЈАЛОТ! Фарските Острови со победа која ќе се прераскажува!

ЧУДО НА МУНДИЈАЛОТ! Фарските Острови со победа која ќе се прераскажува!

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.