Ракометната федерација на Македонија ги прогласи најдобрите поединци за минатата натпреварувачка сезона, а наградата за „Најдобра ракометарка од публиката“ според гласањето на социјалните мрежи ја освои Теодора Гулицоска.
Стружанката зад себе остави силна конкуренција и со најмногу освоени гласови од навивачите и јавноста ја доби престижната титула.




