По пауза од неколку години, Ракометната федерација на Македонија ја врати традиционалната гала „Ракометар на годината“, на која беа доделени признанија за најдобрите во сите категории за претходната сезона.
На вечерашната свеченост, најголемите индивидуални признанија ги добија Филип Кузмановски и Катерина Дамјаноска, кои понесоа титули за најдобри ракометари во Македонија.
Во тренерските категории, признанијата им припаднаа на легендата Кирил Лазаров и на Симе Симовски, како најдобри во машка, односно женска конкуренција.
Како најперспективни младинци за сезоната се избрани Димитар Узунчев и Марија Јанкуловска.
Признанијата за најдобри странски играчи во нашите лиги ги добија Дмитро Хориха и Ана Вранчиќ, додека најпрецизни стрелци за сезоната се Давид Димевски и Марија Анчева.
Во категоријата на гласање преку социјалните мрежи, навивачите ги избраа Никола Митревски и Теодора Гулицоска како најпопуларни меѓу фановите
За најдобри судии, признанието отиде кај добро познатиот двоец Ѓорѓи Начевски – Славе Николов




