Македонскиот тренер Емил Рајковиќ имаше извонреден дебитантски настап во Турција, откако со Тофаш славеше над Фенербахче на гостински терен со 80-78.
Победата ја донесе Максвел Луис со кош во последната секунда, и тоа негов прв на мечот, иако Фенербахче во финишот на последната четвртина водеше со седум поени предност.




