Во Тетово на 20 септември 2025 година се одржа Купот на Македонија за сениори и селективниот плејоф за настап на Светскиот квалификациски турнир во Париз.
Најголемо изненадување приреди младата Греса Мустафаи од Карате клубот „Арена“, која иако е во категоријата У21, се натпреваруваше со сениорките и освои злато. Со оваа титула таа потврди дека е подготвена да ја претставува Македонија на највисоко ниво.




