Битигхајм го забележа уште еден важен успех во Втората германска Бундес лига, совладувајќи го Кобург на домашен терен со 34:33.
Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски повторно беше меѓу најзаслужните за триумфот, откако одбрани вкупно 11 удари и во клучни моменти го одржуваше тимот во предност.
Со оваа победа, клубот од Баден-Виртемберг се искачи на второто место на табелата, потврдувајќи ги амбициите за борба за пласман во најсилната лига




