По триумфот над Загреб и поразот од моќниот Пари Сен Жермен, Еурофарм Пелистер во среда од 20:45 часот во „Боро Чурлевски“ ќе го пречека вицешампионот на Данска, ГОГ Гудме.
На прес-конференцијата пред натпреварот, своите очекувања ги споделија Нејц Цехте и Петар Атанасијевиќ.
„ГОГ има млад состав кој игра брз, скандинавски ракомет. Сепак, очекувам нашата одбрана да биде клучна и да спречи нивни лесни голови од контри и полуконтри. Ги повикувам навивачите да дојдат во што поголем број и заедно да ја прославиме нивната роденденска прослава со победа,“ изјави Цехте.
Атанасијевиќ додаде дека тимот е максимално подготвен: „Играме против млада и талентирана екипа, но ние ќе дадеме се од себе, како и против Загреб и ПСЖ. Посебна мотивација ни се ‘Чкембари’ кои слават 40 години постоење. Веруваме во чуда, играме со цело срце и борбата трае до последните минути.“
Битолчани очекуваат полна сала и силна поддршка, со надеж дека со нова победа ќе го потврдат напредокот на европската сцена.




