По четири години, 24-годишната македонска фудбалерка Јулија Живиќ повторно го облекува дресот на Љуботен од Тетово. По едногодишна пауза поради тешка повреда, дефанзивката се врати на терените.

Покрај за Љуботен, таа настапувала и за Скопје, Шкендија, како и за хрватските клубови Сплит и Ријека, а има и настапи за македонската репрезентација.






