Утре, 21 август во 10 часот почнува 64-то издание на Меѓународната поетска манифестација Струшки вечери на поезијата со традиционалното садење дрвце и поетско читање во Паркот на поезијата во чест на добитникот на „Златен венец“ на СВП за 2025 година, истакнатиот словачки поет, раскажувач, есеист и преведувач Иван Штрпка.
10:00 Садење дрво и поетско читање во чест на добитникот на „Златен венец“ на СВП за 2025 година
Парк на поезијата
12:30 Прес-конференција со добитникот на „Златен венец“ на СВП за 2025 година, Иван Штрпка (Словачка)
Пијано сала –Хотел „Дрим“
17:30 Изложба – „Македонска глаголица – Визуелни рефлексии“ – Лазе Трипков
Пијано сала – Хотел „Дрим“
20:30 Официјално отворање на Струшките вечери на поезијата 2025 година
Центар за култура „Браќа Миладиновци“
21:00 „Поетски меридијани“ – Меѓународно поетско читање
Центар за култура „Браќа Миладиновци“Ве покануваме да ги проследите настаните.
Во продолжение ви доставуваме соопштение и програма за фестивалот.





