Македонската е-спорт репрезентација постигна историски успех и ја освои титулата европски шампион во популарната видео-игра Дота 2 на Европското е-спорт првенство. Во финалето, Македонија ја совлада селекцијата на Белорусија со 2-1 и го освои првото место на континентот.
Нашите претставници блескаа низ целиот турнир, остварувајќи четири победи без пораз во групната фаза и потврдувајќи ги високите амбиции. Со оваа победа, македонскиот е-спорт влезе во елитата на Европа.




