Словенечкиот репрезентативец Ник Хенигман е ново засилување за Еурофарм Пелистер. Левиот бек пристигнува од францускиот Шартр и потпиша едногодишен договор со опција за продолжување.
29-годишниот Хенигман има богато искуство, со настапи за ПИК Сегед, Сант Рафаел и Рибница, како и околу 100 мечеви за националниот тим на Словенија. Неговиот најголем успех е бронзата од Светското првенство во 2017 година.
Официјалното претставување во Битола е закажано за крајот на јули.




