Студиото за танц „БАХ“ од Струга блесна на интернационалниот фестивал за модерен танц „Art of Dance“ што се одржа на 22 јуни 2025 година во Белград, Србија. Со две извонредни кореографии – „My Power“ (junior formation) и „Abracadabra“ (teen formation), стружанки освоија први места во двете категории.
Нивниот успех беше крунисан со главната Grand Prix награда за најдобра формација и апсолутен победник на целиот натпревар, на кој учествуваа над 200 кореографии од различни земји.

Покрај „БАХ“, Македонија ја претставуваше и студиото „Арт Балет“ од Скопје. Двете формации беа избрани меѓу 10-те најдобри и настапија на гала вечерта. Жирито ги награди со сите можни поени, а стружанки гордо го вееше македонското знаме на сцената.
Струга и Македонија имаат со што да се гордеат!




