Ракометниот клуб Струга ја продолжи соработката со еден од клучните играчи од минатата сезона – голманот Дамјан Тутенкоски. Младиот чувар на мрежата, кој потекнува од струшката ракометна школа, ќе продолжи да го брани голот и во новата сезона во македонската Суперлига.
Тутенкоски имаше значајна улога во пласманот на тимот во елитното друштво, особено на бараж натпреварите, каде со одлични интервенции беше клучна фигура на теренот. Со неговото останување, Струга го задржува стабилниот дефанзивен столб и добива силен мотив за новите предизвици.




