Ракометниот клуб Прилеп сериозно ги засилува своите редови за новата сезона! Ново име во тимот е левото крило Димитар Димитриоски, кој по три успешни сезони во шпанската Асобал лига и настапите за Ваљадолид, се враќа во македонскиот ракомет.
Димитриоски ги започна своите први ракометни чекори во Металург, каде што во 2019 година го освои Купот на Македонија. Следуваа две успешни сезони со Вардар, со кој освои двојна круна, а потоа настапуваше и за Еурофарм Пелистер 2.
Со неговото искуство и квалитет, Димитриоски ќе биде значајно засилување за амбициозниот проект на Прилеп на домашната сцена.




