Ракометниот клуб Струга го официјализира ангажманот на Наум Костов, кој ќе настапува на позицијата десно крило во новата сезона. Охриѓанецот е познат по својата брзина и ефикасност, а досега настапуваше за Охрид, Аеродром и Куманово.
Со неговото доаѓање, стружани продолжуваат со засилување на ростерот по успешно обезбедениот опстанок во најсилната македонска лига.




