Денеска во Виена беа извлечени групите за новата сезона во Лигата на шампионите. Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер ќе игра во групата Б против најсилните европски екипи.
Битолчани ќе се соочат со европскиот првак Магдебург, големите ПСЖ и Барселона, како и со ПИК Сегед, Висла Плоцк, ГОГ Гудме и Загреб.
Сезоната стартува на 10/11 септември, а Битола трет пат по ред ќе биде дел од елитното европско натпреварување.




