Македонската атлетска репрезентација запиша историски настап на Европското тимско првенство – Трета лига, кое викендов се одржа во Марибор, Словенија. Со освоени 270.5 бодови, нашите атлетичари го обезбедија најдобриот пласман досега – 8. место, прикажувајќи борбеност, квалитет и континуиран напредок.
Првиот ден беше обележан со блескави настапи:
🏅 Андреас Трајковски победи во скок во далечина со резултат од 7.83 метри,
🏅 Дарио Ивановски триумфираше на 5000 метри со 14:04.06,
🇲🇰 Миљана Ристиќ постави нов национален рекорд на 3000 метри стиплчес – 11:49.49,
🥉 Брајан Авиа освои бронза во скок во височина со личен рекорд од 2.06 метри,
🏃♂️ Штафетата 4×100 метри (Трајковски, Алексовски, Петров, Стојоски) постави нов национален рекорд – 40.89 секунди, освојувајќи второ место.
Вториот ден донесе уште историски моменти за нашиот тим:
🏆 Огнен Стефановски го сруши националниот рекорд стар 57 години во скок со стап, поставувајќи нова граница од 4.05 метри,
💥Теа Алексовска постави нов младински рекорд во фрлање кладиво со резултат од 38.74 метри.
Вкупно беа соборени четири национални рекорди, десетици лични рекорди, и Македонија испрати јасна порака: атлетиката живее, напредува и создава иднина. Со посветеност, стратегија и тимски дух, македонската репрезентација се вгради меѓу најперспективните нации во развој во европската атлетика.




