Машката младинска репрезентација на Македонија извојува драматична победа над Бразил со 38-37 по пенал-серија на Светското првенство во Полска.
По голема негатива од четири гола во финишот, македонските ракометари направија голем камбек. Херој беше Галевски со одбранет клучен пенал, а Брестовац забележа 11 интервенции.
Најдобри стрелци беа Калајџиески со 9, Узунчев со 8 и Белистојаноски со 6 погодоци. Македонија сега ќе игра за 25-то место на Мундијалот.




