Нов ракометен шок трансфер доаѓа од Охрид! Српскиот репрезентативец Дарко Ѓукиќ, по трет пат во кариерата ќе настапува во македонската ракометна лига.
Тридесетгодишниот десно крило доаѓа од романскиот шампион Динамо Букурешт, екипа која настапуваше во ЕХФ Лигата на шампионите.
Ѓукиќ зад себе има богата меѓународна кариера со настапи за Металург, Бешикташ, Киелце, Мешков Брест, Вардар и Динамо. Во текот на осум сезони во најелитното европско клупско натпреварување, тој има постигнато дури 306 голови.
Со своето огромно искуство и голгетерски инстинкт, Ѓукиќ ќе биде големо засилување за охридскиот клуб во претстојната сезона.




