Македонскиот атлетичар Брајан Авиа блесна на Европското тимско првенство (Дивизија 3) во Марибор, освојувајќи бронзен медал во скок во височина со нов личен рекорд од 2.06 метри.
Осумнаесетгодишниот талент, со корени од Македонија и Нигерија, го подобри својот претходен резултат за пет сантиметри и беше на чекор до златото, но не успеа на висината од 2.09 метри. Следна цел за Авиа се националните младински и сениорски рекорди од 2.10 метри.




