вторник, ноември 17, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Фудбал

Македонија со сигурна победа во Лихтенштајн ги отвори квалификациите за СП

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
март 24, 2025
📁 Фудбал

Македонската А репрезентација со победа од 3:0  во Вадуц против Лихтенштајн на 22 Март ги отвори квалификациите за Светското првенство 2026. Нашата најдобра селекција уште по првото полувреме го реши прашањето околу победникот. Александар Трајковски во 8. минута и Висар Муслиу во 43. минута беа стрелци по првите 45 минути на стадионот „Рејнпарк“. Во вториот дел погоди и Бојан Миовски за конечни 3:0 за Македонија. 

Селекторот Милевски го започна мечот со најдобриот состав. Имавме доста офанзивна поставеност, со Миовски, Трајковски, Чурлинов, Елмас, Барди и Алими во нападот и средниот ред. Тоа донесе притисок на Македонија и повеќе се играше на половината на Лихтенштајн.

Уште во 8. минута, Миовски го мина голманот Бухел и испрати центаршут пред голот, каде пред топката се поклони Александар Трајковски.Во продолжението од мечот Македонија продолжи да притиска, се бараше и пенал во 17. минута, но ВАР го поништи. Противникот дури во средината на првото полувреме првпат ја мина половината, влезе во сериозна можност, но слободниот удар на Визер заврши во живиот ѕид. Во 28. минута, Македонија постигна и втор гол. По добра акција на Елмас и Чурлинов, погоди Елмас, но судиите го понишитија голот заради офсајд.Потоа шанса имаше и Миовски да зголеми на 0-2, ама со глава биеше во рацете на голманот Бухел.

Во финишот на првото полувреме, убав погодок постигна Висар Муслиу, кој во 43. минута по корнерот на Барди, погоди за 0-2. Во второто полувреме, Елмас и Трајковски не искористија двојна прилика за убедливи 0-3. По еден час игра, Миовски се најде во прилика, но беше прекраток во скокот по центаршут на Алиоски. Во 65. минута нова прилика за Македонија. Дарко Чурлинов шутираше од косо, но одбрани домашниот голман. Во 80. минута одлична шанса имаше дебитантот во нашиот состав, Давид Тошевски, но повторно домашниот голман спречи погодок во мрежата на Лихтенштајн. Во 84. минута, конечно трет гол за Македонија. Бојан Миовски погоди за 3:0 откако го искористи одличниот центаршут на Бојан Илиевски.

МАКЕДОНИЈА: 1. Столе Димитриевски 4. Никола Серафимов (46` Бојан Илиевски) 5. Ѓоко Зајков 6. Висар Муслиу 8. Езѓан Алиоски (46` Бојан Димоски) 9. Александар Трајковски (62` Давид Тошевски) 10. Енис Барди 11. Дарко Чурлинов (80 Кристијан Трапановски) 16. Исник Алими (46` Јани Атанасов) 20. Бојан Миовски;

Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга
ShareTweet
Претходна вест

Алкалоид храбро до реми во Романија – одлуката паѓа во „Автокоманда“!

Следна вест

Македонија до 19 одигра два контролни натпревари со Албанија! Неколку фудбалери од Струга и струшкиот регион во репрезентацијата

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ
Фудбал

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
11/Ное/2026
Поранешен играч на Пелистер и Караорман ќе дебитира за Албанија!
Фудбал

Поранешен играч на Пелистер и Караорман ќе дебитира за Албанија!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
10/Ное/2026
Елмас повторно во Италија: Македонскиот репрезентативец потпиша за Аталанта!
Фудбал

Елмас повторно во Италија: Македонскиот репрезентативец потпиша за Аталанта!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
22/Авг/2026
СТРУШКИОТ БИСЕР ГО НАПУШТА РАБОТНИЧКИ: Дитмир Хоџа на само 17 години заминува во ЛИДС ЈУНАЈТЕД!
Фудбал

СТРУШКИОТ БИСЕР ГО НАПУШТА РАБОТНИЧКИ: Дитмир Хоџа на само 17 години заминува во ЛИДС ЈУНАЈТЕД!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
20/Авг/2026
Следна вест
Македонија до 19 одигра два контролни натпревари со Албанија! Неколку фудбалери од Струга и струшкиот регион во репрезентацијата

Македонија до 19 одигра два контролни натпревари со Албанија! Неколку фудбалери од Струга и струшкиот регион во репрезентацијата

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.