Моќно издание на РК Алкалоид на гостувањето кај РК Бриксен во Италија! Нашиот тим забележа сигурна победа од 44:32 (23:18) во првиот меч од осминафиналето од Европскиот Куп на ЕХФ!
Најдобар стрелец во нашиот тим беше Игор Ѓорѓиев со седум гола, пред Мартин Серафимов и Александар Петковски со по шест реализации.
Вториот натпревар меѓу РК Алкалоид и РК Бриксен се игра на 22 февруари во „Автокоманда“.




