Магнус Карлсен , 16-тиот светски шампион во шах, претрпе пораз од 14-годишниот Русин Давид Ахмедов на онлајн турнирот „Титуларен вторник“ . Малиот русин во второто коло играјќи со бели фигури го совлада 34-годишниот Норвежанец.
Карлсен ја предводи светската шаховска рејтинг листа со 2831 поен, додека Ахмедов има 2368 поени.
Во јануари, Магнус ја подели титулата светски шампион во брз шах со рускиот шахист Јан Непомнијахчи.




