Македонскиот атлетичар Андреас Трајковски со најдобар скок сезонава од 7.72 метри го освои осмото место во силна конкуренција на атлетскиот митинг во сала во Белград.
Македонскиот атлетичар испиша историја за македонската атлетика како првиот македонец кој некогаш настапил на натпреварување кое е кој е еден од деветте златни митинзи под капата на Светска Атлетика.
Победник во Белград беше Тобиас Ментлер од Шведска со скок од 8.23 метри, пред Исак Гримс од САД со скок од 8.13 метри, и Божидар Сарабујуков од Бугарија со прескокнати 8.06 метри. Олимпискиот шампион Милтош Тентоглу мораше да се задоволи со четвртото место со за него скромни 8.05 метри.
Александар Трајковски на 15 февруари ќе настапи на Балканијадата која ќе се одржи во истата сала во Белград.




