IHF ги објави делегирањата за финалето и натпреварот за трето место за Светското првенство 2025.
Најдобрата судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе го судат натпреварот за бронзен медал, помеѓу Франција и репрезентацијата на Португалија.
Натпреварот за бронзата е од 15:00 часот, а во 18:00 часот е финалето меѓу Данска и Хрватска.




