“Нешто ново од мене, сработено со многу љубов и посебна енергија.Слушнете ја песната, гледајте го спотот, осетете ја приказната и дозволете да ве освои. Вашите мислења и коментари ми се најбитни и ме инспирираат за следните песни што следат. Погледнете, слушајте,споделете и коментирајте како ви се допаѓа! Уживајте и ширете љубов!” – стои во најавата на Огнен Здравковски за новата песна
„Пекол и рај“ е песна на која како автори се потпишуваат Александар Тарабунов – музика, Зоран Зонде Стојановски – текст и Димитар Андоновски – аранжман.
Видеото е снимено со продукцијата Sneak Media, а главната улога ја толкува убавата Јања Станојевиќ.




