Популарниот Слаткаристика и близнаците од дуото Некст Тајм ја објавија нивната прва музичка соработка со наслов “Океани”. За само неколку денови песната е една од најслушаните според статистиката на музичката платформа Јутјуб.
Прекрасната песна “Океани” е дело на Слаткар и Лазар Цветкоски кои се како автори на музиката, текстот е на Стефан од Некст Тајм, Лазар и Слаткар, а аранжманот е на Лазар Цветкоски.
Видеоспотот за оваа песна режираше Мартин од Некст Тајм, додека Кристијан Теодоров беше задолжен за камерата. Спотот е снимен на неколку локации, а во главна улога се тројцата другари од Ново Лисиче




