Стружанецот Дарко Аџиоски спортски новинар и главниот и одговорен уредник на порталот javisejuzna.mk ја доби наградата работник на месецот во Iute Macedonia. Големиот вљубеник и поддржувач на Македонскиот спорт одлично се снаоѓа и во банкарскиот сектор каде работи повеќе од 15 години.
Дарко Аџиоски, Советник за клиенти во канцеларија во Iute Macedonia во Струга ја доби титулата вработен на месецот со врвни резултати во исплати и осигурителни KPI за септември. Неговиот извонреден придонес во управувањето со филијалата е непроценлив, особено затоа што тој успешно отвори нов пазар во Струга во последните шест месеци. Дарко самостојно исплати над половина милион евра на речиси 500 клиенти, одржувајќи високи стандарди за услуги на клиентите дури и како единствен вработен во филијалата. Тој е пример за посветеност, подобрување на процесите и менторство, успешно прифаќајќи нов колега и издигнувајќи ги резултатите од гранката за кратко време. Ти благодариме Дарко за трудот и посветеноста. Со нетрпение го очекуваме континуираниот успех од градот покрај езерото! – стои во објавата на страната на групацијата Iute во Естонија.

Деновите Иуте Македонија станува првото финансиско друштво со интегрирана регистрирана шема за електронска идентификација во партнерство со Evrotrust , еден од водечките лиценцирани даватели на решенија за дигитален идентитет во Европа и првиот регистриран издавач на шема за електронска идентификација во земјата, со највисоки безбедносни стандарди за заштита на личните податоци.

“Со интеграција на ова решение, целосно сме подготвени за имплементација на новата регулатива, со којашто финансиските друштва како и банките, се обврзани да го идентификуваат клиентот преку регистрирана електронска шема или со физичко присуство. Со оглед што апликацијата Myiute е примарен канал на комуникација со нашите клиенти, од идентификација до склучување на договор, овој зајакнат безбедносен систем, особено што е интегриран во самата апликација, ќе значи дополнителна сигурност, слобода и заштеда на време, како и супериорно корисничко искуство кое на клиентите ќе им овозможи целосна флексибилност при вршење на услугите. Ова е навистина уште еден голем успех за Иуте Македонија и целиот тим кој напорно работеше на имплементација на ова решение, во соработка со најдобрите во класата, Evrotrust.”– вели Биљана Мишиќ, Извршен директор на Иуте Македонија.




