Почитувани, со задоволство ви ја претставувам мојата нова песна со наслов ,,Ќерка”. Песната ја посветувам на мојата ќерка Кристина по повод нејзниот 1ви роденден и свето крштевање. Се надевам во песната ќе се пронајдат и многу родители кои имаат ќерки и кои ќе имаат ќерки.
Аудиото е снимано во студиото каде ги имам снимано моите најголеми хитови, студио ,,Анастасија” – Скопје со неповторливиот тон мајстор за наши и пошироки простори Љупчо Павловски.
Видеото го работев со мојот долгогодишен соработник Зати – X Production а се снимаше во впечатливиот објект Офицерски Дом во Битола кој претставува културно историски споменик на Македонија.
Во видеото се појавуваат и уметниците од светски ранг, мојот драг и ценет колега Игор Милевски на виолина и балерината Ива Шутевска. Поздрав до сите, каде и да сте!– пишува Јордан Митев




