Победнички старт на новата натпреварувачка сезона за младинките на Вардар, кои го бранат трофејот освоен од минатата сезона. Избраничките на Платон и Кузмановска ја оправдаа фаворитската улога и славеа на првиот натпревар против екипата на ЗГРК Илинден Вардар со резултат 25:20 (13:6).
Најефикасни во Вардар беа Трифуноска и Миленкоска кои постигнаа по 6 голови, додека на голот одлична беше Зорица Хасаноска со вкупно 13 одбрани. Останатите две стружанки исто така беа одлични. Елена Балоска даде 5, додека Мила Ристовска 2 гола во победата на Вардар.
Вардар: Хасаноска (13 одбрани ), Драгана Тодоровска 1, Стојкова, Трпкова, Соколовска, Јанева, Поповска, Балоска 5, Николовска, Франговска, Божиновска 1, Смилевска, Дона Тодоровска 4, Миленкоска 6, Ристовска 2, Трифуноска 6.




