РК Алкалоид се насочува кон европските обврски!
Во рамки на 2. коло од Европскиот Куп на ЕХФ, во првиот меч на домашен терен нашиот тим ќе се соочи со литвански Драгунас Клаипеда. Ривалот пред медиумите го најавија тренерот Кирил Лазаров и капитенот Игор Ѓоргиев.
Игор Ѓорѓиев: „По одличниот старт на сезоната каде имаме седум победи, ни следува натпревар во Европа. Првиот меч со Драгунас Клаипеда ни е дома, играме пред нашата публика, а кога играме дома секогаш сакаме да сме најдобри. Како капитен тврдам дека екипата е спремна за предизвикот. Ја повикувам јавноста да ни даде поддршка и се надевам на победа.“
Натпреварот меѓу РК Алкалоид и РК Драгунас Клаипеда се игра во сабота (19 октомври) со почеток од 19:00 часот во СС „Автокоманда“.




