Немања Босанчиќ е нов фудбалер на ФК Вардар.
Српскиот интернационалец има 29 години, игра на позиција централен играч за врска, а доаѓа од екипата на Паневезис(Литванија)
Во досегашната дел на кариерата, има настапувано и за екипите на Инџија, Чачак и Колубара(Србија), Беране(Црна Гора), Лахти (Финска), ДЛ Про(Кина) и Струга Трим Љум(Македонија).
Две сезони(2020/21 и 2021/22) има настапувано во првата фудбалска лига на Македонија, како играч на екипата на Струга Трим Љум, за која има одиграно 48 натпревари, на кои има забележано 11 асистенции и има постигнато вкупно 10 гола.




