Кошаркарскиот клуб Еуро Никел од Кавадарци доведе засилување под обрачите од редовите на Гостивар.
Се работи за стружанецот Габриел Коскоски, кој игра на позицијата крилен центар, но може да се снајде и на центарското место.

Претходно во кариерата настапуваше за Црн Дрим, Охрид, Работнички, МЗТ Скопје Уни Банка и Навико Академија ФМП.




