Ваљадолид на Димитар Димитриоски и Мартин Карапалевски, го освои трофејот во „Купот на Кастиља и Леон“.
Во финалниот натпревар, Ваљадолид славеше против Виља Де Аранда со 33-32 и стигна до трофејот.
Македонските ракометари играа одлично на овој дуел. Карапалевски постигна 4 погодоци, додека Димитриоски постигна 3 гола.




