Тримо Требње каде годинава тренер е селекторот на младинците Раде Стојановиќ, славеше против Лимож со 32-28 во првиот меч од квалификациите за Лигата на Европа. Натпреварот беше одигран во полна сала пред 800 домашни фанови.
Најдобри стрелци беа Вишчек со 7 гола кај Тримо, додека Турченко со 5 погодоци за Лимож.
Реваншот на двата тома е следната сабота од 19:00 часот во Лимож, Франција.




