Шкупи на домашен терен го совлада Вардар со 3:0 во дербито на третото коло од ПМФЛ. Стрелци на головите за тимот од Чаир беа Гуџуфи, Ибиши и Гуеје.
Мирко Ивановски беше херојот на Пелистер, кој славеше против тимот на Силекс токму со неговиот гол.
Работнички славеше против актуелниот шампион Струга со головите на Гандо и Аломеровиќ.
Комплетни резултати од 3.коло:
Беса 1 – 0 Тиквеш
Пелистер 1 – 0 Силекс
Работнички 2 – 0 Струга
Шкупи 3 – 0 Вардар
Воска 0 – 2 Гостивар
Брера 0 – 2 Шкендија




